Официјално: Дејвид Мојс се врати во Вест Хем

by
1 минути читање

По отказот на Пелегрини, Дејвид Мојс беше фаворит за нов тренер на „чеканите“, тоа и се случи, тој потпиша 18 месечен договор со Вест Хем.

Вест Хем со задоволство може да потврди дека Дејвид Мојс се врати во клубот како прв тренер. Тој потпиша 18 месечн договор и веднаш стартува со работа, ќе го води тимот на првиот меч од новата година против Борнмут“, стои во соопштението на клубот.

Дејвид Мојс е среќен што повторно ќе биде тренер на Вест Хем.

„Фантастично е што се вратив. Чувството е одлично да сте дома. Ми недостасуваше ова бидејќи навистина уживав тука. Навистина уживав да бидам околу стадионот, ми се допаѓаше што сум дел од овој дел на светот, ми недостасуваше клубот, па не можам да дочекам да почнам да работам“, вели Мојс.

Претходно Мојс во декември 2017 година беше назначен за тренер на Вест Хем кога клубот беше во зоната за испаѓање. Тој успеа да го спаси и на две кола пред крајот да му обезбеди опстанок. Договорот му истекуваше со завршувањето на сезоната, тогаш не доби понуда за продолжување на соработката и замина. Раководството се предомисли и повторно го ангажира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×