Во послендото коло од Премиерлигата за 2019 имаше многу спорни моменти и поништени голови со помош на ВАР поради милиметарски офсајди. Видео технологијата кумуваше и во последниот натпревар и пресметката помеѓу Манчестер Сити и Шефилд јунајтед.
Гостите се израдуваа на водство по половина час игра, но голот беше поништен поради офсајд.
За маката на Шефилд да биде поголема, Манчестер Сити поведе под контроверзни околности. Судијата му посмета на еден фудбалер на гостите, топката дојде до Де Брујне кој му асистираше на Агуеро за 1-0. И покрај протестите и прегледување на повторените снимки, погодокот не беше поништен.
Трите бода за „граѓаните“ беа осигурани во 82. минута, по една контра, Де Брујне биеше крај левата статива за 2-0.