Медиумите веќе го преселија во Торино но ништо од трансфер во Јувентус, Ерлинг Халанд ја одбра Борусија Дортмунд

by
1 минути читање

19 годишниот напаѓач го привлече вниманието на гигантите со одличните настапи во дресот на РБ Салцбург. Скаути од голем број клубови ширум Европа ги следеа неговите игри со месеци, а најконкретен интерес пројавија Манчестер јунајтед, Јувентус, Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг.

Изминативе денови имаше неколку стории кои велеа деа Ерлинг Халанд ќе го засили Јувентус, медиумите блиски до „старата дама“ велеа дека шампионот на Италија има договор со РБ Салцбург и со самиот играч.

Ваков трансфер сепак нема да се реализира, попладнево Борусија Дортмунд соопшти дека потпишала со талентираниот Норвежанец.

„И покрај тоа што имаше многу понуди од топ клубови ширум цела Европа, Ерлинг Халанд одлучи да го одбере проектот на Борусија Дортмунд и перспективата која му ја понудивме. Ангажиравме напаѓач кој е амбициозен, располага со одлични технички и физички предиспозиции, одлично чувство за гол и импресивна брзина. Со само 19 години, тој е на почетокот од кариерата за која се надевам ќе биде прилично успешна“ – вели генералниот извршен директор на „милионерите“, Ханс Јоаким Вацке.

За новата анватура, Ерлинг Халанд рече: „Имав интензивни разговори со раководството на клубот, со луѓето кои се задолжени за спортскиот проект, особено со Ханс Јоаким Вацке, Михаел Цорк и тренерот Лусијан Фавр. Од самиот старт чувствував дека сакам да се преселам во овој клуб, да го одберам овој пат и да играм за Дортмунд пред таа неверојатна атмосфера и публика од 80.000 гледачи“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×