Тотнем влезе како голем фаворит на гостувањето кај Норич кој иако е во долниот дел на табелата игра одлично против фаворитите.
Тимот на Жозе Мурињо не успеа да дојде до трите бода, прими два гола по свои грешки и на крајот тоа се покажа кобно за испуштената победа.
Фојт направи грешка во 18. минута и му дозволи на Вранчиќ да постигне гол за водство на Норич од 1-0.
По многу мака, конечно во 55. минута со гол од слободен удар на Ериксен, Тотнем успеа да го израмни резултатот на 1-1.
Тие тргнаа кон трите бода, но несреќниот Орие си постигна автогол во 61. минута и донесе ново водство за Норич.
Во 83. минута Хари Кејн од пенал го изедначи резултатот на 2-2. Фаулот беше направен врз него.
До последниот судиски свиреж Тотнем се обидуваше да дојде до победа, но нападите беа јалови, без вистинска прилика во финишот од натпреварот.
Џејми Варди не беше во составот на Лестер за мечот со Вест Хем, но и тоа не му попречи на тимот на Роџерс да дојде до победа која доаѓа по убедливиот пораз од Ливерпул.
Во 12. минута Греј не успеа да реализира најстрога казна. Пеналот беше досуден по фаул од голманот Фабијански.
На пет минути пред крајот на првиот дел Ихеначо реализира за водство на Лестер од 1-0, но само пет минути подоцна Форналс изедначува на 1-1.
По десет минути игра во второто полувреме Греј се искупи за промашениот пенал, постигна гол кој на крајот значеше победа за Лестер од 2-1.