Фудбалер на Брајтон го постигна својот деби гол во Премиерлигата и почна да плаче (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Алиреза во Брајтон пристигна минатата сезона како големо засилувања од АЗ Алкмар каде беше одличен, но работите не се одвиваа најдобро за него.

Минатата сезона одигра вкупно 1022 минути и немаше ниту гол, ниту асистенција.

Денес го имаше првиот настап како стартер во составот на Брајтон, претходно одигра само 23 минути. 

Алиреза во третата минута му донесе водство на Брајтон против Борнмут и почна да плаче, големи беа емоциите кај иранскиот фудбалер за својот деби погодок.

Неговиот тим го доби мечот со 2-0 и освои три големи бода во борбата за опстанок против еден од конкурентите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×