„Росонерите“ синоќа соопштија дека Златан Ибрахимовиќ се враќа на Сан Сиро и официјално ги потврдија информациите кои подолго време кружеа низ медиумите. Адриано Галијани, човекот кој го донесе Швеѓанецот во Милан во 2010 година, во разговор со Газета дело Спорт даде свое видување за трансферот.
„Златан има таков елан, харизма и одлучност што секогаш ќе прави разлика. 31 година бев дел од Милан, никогаш не сум видел еден играч да закачи друг играч на ѕид зошто не се трудел доволно… Сум видел еден куп расправии, но никогаш не сум видел некој да виси, во буквална смисла беше закачен на ѕид. Таков е Ибрахимовиќ и сигурен сум дека одново ќе го стори истото толку забележи дека некој од соиграчите не се труди доволно на тренинзите и теренот. Очекувам сега да има уште поголема одговорност. Дефинитивно ќе донесе свеж воздух на Сан Саро“ – вели поранешниот прв оперативец на „росонерите“.
Запрашан дали и на 38 години може да ги повтори бројките од првата авантура (56 погодоци на 85 натпревари), Галијани вели: „Од техничка гледна точка, може да направи разлика. Има неверојатна физичка конституција, за 15 дена ќе биде во топ форма. Ќе биде клучен на теренот, но и надвор од него“.