Во Тотнем наводно
се подготвени да испратат понуда во висина од 80 милиони евра за дефанзивецот
на Реал Мадрид, Рафаел Варан, ова доаѓа по известувањето од страна на „Ел
Десмарк“.
Од таму тврдат
дека новиот тренер на Тотнем, Жозе Мурињо е голем обожавател на играта на
францускиот дефанзивец и веќе дал инструкции кај раководството на клубот да
овозможи договор со „Кралскиот клуб“, клубот кого претходно го предводеше од
клупата.
Варан уште од
поодамна беше трансфер желба на Мурињо, и тоа во периодот кога Португалецот
беше шеф на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, меѓутоа преговорите за
Французинот се чини дека нема да бидат лесни.
26 годишниот
Варан има важечки договор со Реал Мадрид до 2022. година, последен пат го
обнови договорот со „Кралевите“ пред две години, а таму е член веќе цели осум
години, период во кој забележа 296 настапи за шпанскиот гигант, во кои постигна
13 погодоци, а освои 16 трофеи, вклучувајќи ги и оние 4 во Лигата на шампионите.
Jose Mourinho reportedly has told Tottenham to attempt to sign #RealMadrid defender Raphael Varane #THFC #COYS #RMCF https://t.co/LsCwpYoZ97 pic.twitter.com/Wb2uHAvsUR
— footballespana (@footballespana_) December 27, 2019