160
Новинарот на „АС“, Хесус Мингуез тврди дека Реал Сосиедад е сериозно заинтересиран за услугите на Барди.
Нашиот фудбалер има договор со Леванте до 2022 година, но Реал Сосиедад е подготвен да преговара со неговиот сегашен клуб и да го купи Барди.
Не се очекува Барди да замине од Леванте во зимскиот период, тој ќе ја доигра целата сезона во својот сегашен клуб а на лето би можел да направи трансфер.
Барди игра стандардно во Леванте каде е еден од најважните фудбалери во тимот.