Гвардиола вели дека Агуеро е незаменлив и потенцира кој момент на Аргентинецот е најважен за Манчестер Сити

by
1 минути читање

Договорот на Агуеро со Манчестер Сити истекува во јуни 2021 година. Ако не го продолжи би можел да си замине и идното лето со цел клубот да добие и обсштетување од неговиот трансфер.

Агуеро стана легенда на Сити, постигна 244 голови во 355 натпревари меѓу кои и погодокот против КПР во 2012 кој му ја донесе првата титула во Премиерлигата на тимот.

„Мислам дека тоа е една од најтешките работи, тој е незаменлив. Имаме неверојатен напаѓач во Габриел Жесус, и можеби ќе имаме уште еден кога Агуеро ќе си оди, но тој е незаменлив“, вели Гвардиола.

„Мислам дека најважен момент за овој клуб е моментот кога Серхио Агуеро постигна гол против Квинс Парк Ренџерс за освојување на првата титула во Премиерлигата. Тој момент е многу подобар отколку четирите титули во една сезона, и тој беше тој кој го даде голот“.

„Не знам што размислува тој за својата иднина. Може да остане. Зависи од неговата физичка кондиција и желба, но не сум зборувал со него за тоа, не ги знам неговите намери“.

„Порано или подоцна ќе се случи, тој ќе одлучи кога и сигурен сум дека клубот ќе биде подготвен да се обиде да најде некој кој ќе го замени, но се разбира, нема да биде лесно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×