Џака се враќа во Бундеслигата, се договорил со клуб кој се бори за опстанок!

by
1 минути читање

„Скај Спорт Германија“ минатата недела излезе со информација дека тренерот на Херта, Јирген Клинсман го сака Џака во својот тим во јануарскиот преоден рок.

Сега агентот на Џака, Хозе Ногуера информира дека тие постигнале договор со Херта за личните услови на фудбалерот, останува уште двата клуба да ги финализираат преговорите.

„Видете, ќе кажам јасно и искрено. Се договоривме со Херта и Џака би сакал да оди во Берлин. Му соопштивме на директорот на Арсенал Раул Санлехи и на спортскиот директор Едо како и на новиот тренер Микел Артета“, вели агентот Ногуера.

„Арсенал беше информиран за сите чекори, фудбалерот и Херта се јасни. Останува уште клубовите да ја договорат висината на обесштетувањето“.

Херта во моментов е на 12. место во Бундеслигата со само четири бода повеќе од опасната зона.

Џака добро ја познава Бундеслигата, тој во Арсенал дојде од Борусија Менхенгладбах за која одигра 108 натпревари во четири години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×