Лампард револтиран: Играме на домашен терен и повторно иста приказна

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард не крие дека неговите избраници имаат
проблеми играјќи пред своја публика, а тоа сигурно го наведува да бара
дополнителни засилувања во јануарскиот преоден рок.

Челси потфрли во
дуелот со Саутемптон денеска во рамките на 1
9. коло од Премиерлигата, а „Сините“ од Лондон во
едно бледо издание загубија со 0-2, тоа за нив беше првиот пораз на домашен
терен за Боксинг деј.

Добро ги
запознав фудбалерите, особено во едни вакви натпревари
“ рече Лампард на
пресконференцијата по мечот со Саутемптон.

Натпревари кои
стануваат комплицирани и тешки се тест на карактерот, онолку колку што се и
тест за квалитетот, тоа е обостран тест
“ додаде тој.

Кога речиси се
е на наша страна, а воедно и лесно
по победата кај Тотнем со 0-2, ние бевме најдоброто нешто во светот на фудбалот
во тие моменти, тие најдобрите фудбалери, а јас најдобриот тренер, а денеска
сето тоа се поставува како прашање
“ вели Лампард.

Сево ова е иста
приказна како поразот од Борнмут, односно истата приказна како и на претходните
натпревари на домашен терен, противниците не почитуваат како Челси, но, ние не
играме како Челси, противниците не се глупави, мораме да ги пробиваме нивните
одбрани, имаме околу 70% посед на топката, некогаш и повеќе од тоа, а тешко ни
оди во креирањето вистински шанси, финалните додавања и повеќето удари кон
голот на противникот
“ заврши тренерот на Челси видно разочаран од изданието на
своите избраници кое беше очајно денеска.

Челси во моментов
има 32 бода, а со тоа се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиерлигата,
по него следи Тотнем на петтото место со три бода помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×