Клоп е среќен со потписот на Минамино, но Германецот си има и една мака со новото засилување

by
1 минути читање

Ливерпул ја
победи конкуренцијата за Такуми Минамино околу потписот на Јапонецот кој за
само 7.25 милиони фунти стана засилување за европскиот првак во зимскиот
преоден рок, „Редсите“ го реализираа тој трансфер исплаќајќи ја откупната
клаузула на фудбалерот.

Шефот на
стручниот штаб на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп вели дека е среќен со тоа што
го добил Минамино за засилување во својот тим, меѓутоа германскиот фудбалски
стратег си има и една мака, не знае каде Јапонецот ќе игра во големата
конкуренција, особено во офанзивниот ред каде речиси и да нема дупка во составот на „Редсите“.

Како ли би можел
да го играм него, во еден краток период? Доколку говориме за подолг период, тој
би можел да ни помогне, немам никакви сомневања околу тоа, меѓутоа во овие
моменти имам една дилема помеѓу првиот ден на Минамино во клубот и трите меча
кои следуваат дотогаш, а тоа е каде би играл во тимот
“ рече Клоп.

Според сите сознанија
кои ги имаме за Такуми, како и тоа што со свои очи го видовме, многу работи го
поврзуваат за добро да се адаптира во нашиот клуб, неговата брзина, желба да
освои топка, генерално гледано неговиот квалитет кој се отсликува на натпреварите
е добра најава за тоа што претстои
“ додаде Германецот.

На Островот
медиумите почнаа и со одредени графички прикази за тоа како би изгледал
составот на Ливерпул со Минамино во него, некои велат дека Фирмињо би можел да
добие конкуренција во нападот покрај Салах и Мане како поддршка зад него, некои
сметаат дека Минамино би бил одличен на позицијата веднаш зад Фирмињо, а од обете
страни како поддршка за Салах и Мане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×