Ливерпул во
следните две седмици го очекуваат три натпревари во англиската Премиерлига, а
за Јирген Клоп и составот од „Енфилд“ сигурно лоша е веста за новата повреда на
Алекс Окслејд-Чемберлејн.
Шефот на
стручниот штаб на лидерот во Премиерлигата потврди за повредата на Чемберлејн,
тој до крајот на актуелната година сигурно нема да биде во комбинација за
настап, веројатно е дека ќе пропушти три, со можност дури и четири натпревари
за „Редсите“ во бурниот период за Англичаните кој претстои.
„Станува збор за
повреда на лигаментите, засега немам детални информации околу тоа колку ќе
отсуствува од терените, меѓутоа, едно е сигурно, нема никакви шанси Окслејд да
игра до крајот на годинава“ подвлече Клоп алудирајќи на гостувањето кај Лестер
во недела, односно дуелот на домашен терен против Вулверхемптон два дена потоа.
Чемберлејн
сезонава забележа 12 настапи, а притоа постигна и еден гол, тој често беше
ротиран од Клоп по потреба, меѓутоа германскиот фудбалски стратег во бурниот
период кој претстои ќе има опција помалку за „одмор“ на клучните играчи на
тимот од „Енфилд“.