Дали со оваа изјава Лампард го „пецна“ Мурињо околу Салах и Де Брујне во Челси?

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Челси, Френк Лампард се чини дека индиректно го „прозва“
својот поранешен тренер од таа екипа, односно моментално тренер на Тотнем, Жозе
Мурињо, се работи околу Мохамед Салах и Кевин Де Брујне.

Обајцата не
успеаа да добијат вистинска прилика за докажување во тимот на Челси, и тоа под
кормилото на Жозе Мурињо, меѓутоа подоцна прераснаа во фудбалери од светска
класа во Ливерпул, односно Манчестер Сити.

Доколку ние не
сме трпеливи и не бидеме заедно со фудбалерите, би можеле да завршиме во
ситуација како што бевме претходно, беа фудбалери на Челси на помладите години,
тренерите немаа трпение со нив, а во моментов се фудбалери од светска класа

рече Лампард.

Јас моментално
сум во позиција да бидам близу моите фудбалери
“ додаде тој алудирајќи на
трансфер политиката на Челси во пресрет на јануарскиот преоден рок, каде
подвлече дека ќе биде трпелив со младите ѕвезди на „Сините“ од Лондон и
постојано ќе им укажува поддршка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×