Така работи Рајола, Халанд може да биде купен за 22 милиони евра, но клубот што ќе го ангажира ќе треба да одвои дури 80 милиони!

by
1 минути читање

19 годишниот
Норвежанец го привлече вниманието на голем број клубови со одличните партии во
дресот на РБ Салцбург каде оваа сезона има постигнато 28 погодоци на 22
натпревари, од кои 8 гола на 6 меча во групната фаза од Лигата на шампионите.

Манчестер
јунајтед, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг и Јувентус се клубовите кои се
најконкретни во обидите, последните информации од Италија велат дека „старата дама“
ја победила конкуренцијата и Ерлинг Халанд ќе заврши во Торино.

Според пишувањата
на Билд, во договорот на играчот има откупна клаузула од 22 милиони евра која
може да се активира во јануари, но клубот кој ќе го ангажира голгетерот ќе
треба да одвои речисти четири пати повеќе.

Весникот
пренесува дека, Мино Рајола бара да му биде исплатена провизија од 15
милиони евра, а кога е во прашање примањата на играчот, контроверзниот агент бара осум
пати поголема плата од она што во моментов го заработува Ерлинг Халанд (еден милион евра
годишно) и тоа значи загарантирани 8 милиони евра по сезона плус бонуси или
договор вреден околу 35 милиони евра.

Како овие
милионски суми да се малку, на Ерлинг Халанд ќе треба да му биде исплатена и
премија од 8 милиони евра, зошто трансфер сумата од 22 милиони евра наводно
била смешна и клубот ќе заштедел многу бидејќи фудбалерот вредел далеку повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×