Де Лаурентис му фрли мерак на уште еден Македонец, Елмас добива сонародник во Наполи?

by
2 минути читање

Италијанскиот
вицепрвак Наполи влезе во трката за потписот на големата надеж Дејан
Кулушевски, инаку поранешен репрезентативец на Македонија во помладите
категории, фудбалер кој подоцна се предомисли и реши да настапува за Шведска,
каде што воедно е роден.

„Ла Република“
известува дека првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има голема желба да
го доведе Кулушевски во неговиот клуб откако 19 годишниот фудбалер привлече
големо внимание кај европските гиганти со своите феноменални партии во дресот
на Парма сезонава каде настапува како позајмен од редовите на Аталанта.

Од друга страна,
веројатно е дека во составот на Наполи, каде настапува нашиот репрезентативец
Елиф Елмас ќе има одредена реконструкција, особено по доаѓањето на Џенаро
Гатузо на кормилото на таа екипа.

Според
известувањата од Италија, се вели дека Де Лаурентис е голем обожавател на
играта на Кулушевски и подготвен е да издвои 25 милиони евра од буџетот на
клубот за да го ангажира нашинецот од Шведска уште во јануарскиот преоден рок.

Кулушевски во 19
настапи за Парма во новата сезона од „Серија А“ постигна четири погодоци, а
запиша и седум асистенции, за него интерес има од Интер, Јувентус, како и од Манчестер
јунајтед.

Останува да
видиме во периодот кој претстои дали Елмас за свој соиграч во тимот на Наполи
ќе добие сонародник со кого се „разминаа“ во репрезентацијата на Македонија за
играчи до 17 годишна возраст до 2015. година.

Кулушевски освен
шведско има и македонско државјанство, а тој и на социјалните мрежи не крие
дека е горд на тоа што има одредено македонско потекло, со оглед на фактот што
неговиот татко е со потекло од Охрид.

Фудбалерот кој
веќе почна со настапи за сениорскиот национален состав на Шведска, освен
знамето на земјата за која настапува, на социјалната мрежа „Инстаграм“ во
својот опис го има и македонското знаме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×