Ибра е слободен играч откако му истече договорот со ЛА Галакси, тој се поврзува со повеќе клубови но најсилно со Милан.
Преговорите меѓу Милан и Ибра беа неуспешни минатата недела, но ќе продолжат откако клубот направи промена во понудата.
Според „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“ понудата останува шест месеци плус опција за автоматско продолжување за уште една сезона.
Но за разлика од претходно кога продолжувањето ќе се случеше доколку Милан избори пласман во Европа, во новата победа тоа ќе зависи од перформансите и гол статистиката на Ибрахимовиќ.
Милан е дури на 11 место на табелата, пласманот во Европа, Ибра сака договор на година и пол, па многу пореално е да прифати сам да го заработи продолжувањето со неговите перформанси отколку да биде зависен од резултатите на целиот тим.
Во игра за неговиот потпис се и Наполи и Евертон кој сега е интересен поради доаѓањето на Карло Анчелоти.