Се верува дека во
Реал Мадрид постои револт поради континуираните линкови помеѓу 17 годишниот
фудбалер и самиот шпански гигант низ медиумите, а тоа наводно е „производ“ на
активностите на агентите на Камавинга, што воедно на таков начин и се постави
цената на фудбалерот во износ од 100 милиони евра.
Од Реал Мадрид
испратија двајца скаути за да го проследат изданието на Камавинга во дуелот со
Амиен претходната седмица, а „АС“ и „Л’Екип“ известија дека Реал Мадрид сериозно го мониторира развојот на фудбалерот
од средниот ред кој импресионира во своите настапи за Рен.
Камавинга го
привлече вниманието крај себе кај повеќето европски гиганти по своите
перформанси, досега беше инволвиран во 18 меча за Рен, од кои во 17 беше
стартер, а освен Барселона, интерес за неговите услуги има и од Барселона,
односно Атлетико Мадрид.
Како за
потсетување, „Л’Екип“
претходниот месец извести дека Рен наводно поставил цена од 60 милиони евра за
Камавинга, иако се верува дека тој во овие моменти нема планови да го напушти
францускиот клуб во оваа фаза од неговата кариера.