Италијанскиот
прволигаш Интер доби конкуренција во трката за потписот на искусниот напаѓач
Оливие Жиру, и тоа од тимот на Лион, а повеќе медиуми наведуваат дека речиси и
да нема никакви дилеми во тоа дека францускиот напаѓач ќе си замине од Челси
уште во јануари.
Жиру е во
завршната година од својот договор со Челси, освен што го загуби првотимскиот
статус под кормилото на Френк Лампард каде незаменлив е Абрахам, го загуби и
статусот на втора опција во тимот, таму пак таква солуција за Лампард е
Батшуаи.
Во Интер извесен
период ги разгледуваат можните засилувања во нападот како освежување во пресрет
на вториот дел од сезоната, иако имаат двоец од калибарот на Лукаку-Лаутаро, а
се верува дека „Нероаѕурите“ во Жиру гледаат вистинско решение како резервна
алтернатива за составот предводен од Антонио Конте.
Според најновите
информации кои пристигнуваат во однос на иднината на Жиру, се вели дека токму
Лион пријавил интерес за да го ангажира поранешниот напаѓач на Челси, и тоа
како замена за Мемфис Депај кого го очекува пауза до крајот на актуелната
сезона поради повреда од посериозен карактер.