Откако успеа на
некаков начин да го одвлече вниманието по големиот интерес од Евертон и Арсенал
во текот на летниот преоден рок, Кристал Палас се чини дека ќе треба добро да
се подготви за нова битка околу иднината на првата ѕвезда на тој тим, Вилфред
Заха.
„Дејли Мејл“
наведува дека интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска влегол во
бележникот на шефот на стручниот штаб на Челси, Френк Лампард и воедно е негова
голема желба за јануарскиот преоден рок.
Младиот состав на
Челси дополнет со одредени поискусни фудбалери како Вилијан ветува, а тоа се
потврди и на гостинската победа кај градскиот ривал Тотнем изминатиов викенд,
меѓутоа Лампард постојано наведуваше дека клубот ќе ја пополни испразнетата
дупка по заминувањето на Азар во Реал Мадрид, иако такво нешто се гледаше во
Кристијан Пулишиќ.
Сепак, останува
нејасно, барем засега, дали Челси ќе си подаде рака со Кристал Палас околу
обештетувањето кое го бара клубот на напаѓачот, а кое не е нималку мало во
однос на сумата.
На Островот се
подзанимаваа и со тоа на која позиција би играл Заха во Челси, односно дали
реално би имало место за него во почетниот состав, многумина веруваат дека тој
би бил одличен покрај Пулишиќ, како и Хадсон-Одои, иако за вториот можеби не би
имало место, а со Вилијан и Педро во блиско пензионирање од фудбалот, Заха
претставува решение за подолг рок во составот на „Сините“ од Лондон.
На Островот
наведоа и пет интересни работи поврзани со Заха во пресрет на преодниот рок во
јануари, односно работи кои се поврзани со интересот од Челси…
– Откако
Заха остана во Кристал Палас, по интересот од Евертон и Арсенал, претседателот
на Кристал Палас, Стив Периш призна дека фудбалерот сакал да добие развој во
својата кариера и да потпише за клуб со кој би играл во Лигата на шампионите.
– Се
чини дека не постојат дилеми околу тоа дека во Кристал Палас нема да отстапат
од 80-те милиони фунти како обештетување за Заха
– „Дејли
Мејл“ наведува дека Заха е на радарот на Челси откако на „Сините“ од Лондон им
беше тргната суспензијата за трансфери
– Заха
реализираше најмногу дриблинзи во Премиерлигата оваа сезона (79) од било кој
друг фудбалер во најсилниот англиски фудбалски шампионат
– Меѓу
другото, на Островот букмејкерите креираа и коефициенти за тоа кој клуб е
најблизу до потписот на Заха, интересно, листата на заинтересирани клубови ја
предводи Челси (3/1) со далеку подобар коефициент од ПСЖ (12/1), Лестер (12/1),
односно Манчестер јунајтед (16/1)