Дефанзивецот на
Тотнем, Јан Вертонген јавно упати извинување до Антонио Рудигер од таборот на
Челси поради тоа што германскиот дефанзивец се најде на мета на расистички
навреди кон него од страна на навивачи на Тотнем за време на градското дерби.
Челси со победа
од 0-2 си замина од гостувањето кај својот градски ривал, а Рудигер беше
фудбалерот кој изнуди исклучување за Сон во 62. минута, што наиде на револт кај
домашните навивачи кои веднаш возвратија со расистички навреди од гледалиштето
кон него.
Фертонген во
изјава за „Лондон Ивнинг Стандард“ тврдеше дека не слушнал никакви извици од
трибините, меѓутоа посочи дека во случај навистина да имало такво нешто, тоа е
засрамувачко.
„Искрено, не
слушнав ништо, меѓутоа доколку таквите инцидентни појави се уште се случуваат
на натпреварите, тоа е засрамувачко, ние сите треба да застанеме против тие
појави“ рече Белгиецот.
„Немам никаква
идеја за тоа зошто луѓето се уште се однесуваат на таков начин, понекогаш си
мислите дека луѓето се попаметни од тоа, лично убеден сум дека станува збор за
одредена мала група, малцинство, иако тоа е во целост неоправдано“.
„Не знам дали
ситуацијата по тоа прашање станува полоша, меѓутоа не би требало да оди во тој
правец, јас не можам да ја пронајдам причината зошто луѓето околу нас се уште
го прават тоа, немам зборови да го опишам тоа. Доколку еден од нивните
фудбалери, или од нашите е загрозен, во тој случај јас се извинувам во името на
Тотнем, но тие се сепак малцинство и воедно нема да кријам дека за нив сметам
дека се идиоти, ние не се идентификуваме со тие луѓе“ заклучи Вертонген.