Англискиот
Премиерлигаш Евертон јавно го објави финалниот дизајн за новиот стадион на
клубот кој ќе има капацитет од 52,000 гледачи, а планот првично потсетува на
претходно најавениот уште од јули годинава.
Со оглед на тоа
што следеше јавна расправа, како и консултација од јавен карактер исто така, во
која учествуваа дури 63,000 испитаници, главната промена од претходно објавениот
план беше паркингот за автомобили, кој е префрлен на другата страна, а во
преден план од страната на реката е воведниот дел на арената.
Постоеа неколку
интересни додатоци, а еден од нив е секако и јавниот простор околу стадионот
кој би можел да биде користен за време на натпреварите на „Карамелите“, како и
денови кога не игра клубот, вклучувајќи и фан база.
Четирите трибини
на предвидената арена ќе бидат со капацитет од по 13,000 гледачи, а гледачите
ќе бидат мошне блиску до случувањата на теренот, онолку колку што дозволува
правилникот.
Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, градежните активности треба да
стартуваат идното лето, истите ќе траат три години, а од таму се верува дека
Евертон ќе може да се пресели на својата нова фудбалска арена за стартот од
сезоната 2023/24.
class="twitter-tweet" data-lang="en">