Кавани си подал рака со Атлетико Мадрид?

by
1 минути читање

Искусниот напаѓач
на францускиот првак ПСЖ, Единсон Кавани наводно постигнал личен договор со
Атлетико Мадрид за трансфер во шпанскиот прволигаш идната година, за ова
известува Џанлука Ди Марцио кој тврди дека е постигнат договор помеѓу обете
страни.

Како и да е,
Атлетико Мадрид ќе мора да продава пред да почне да купува, а „Јорганџиите“ би
можеле да бидат присилени да чекаат дури до идното лето, кога Уругваецот ќе
биде слободен агент на трансфер пазарот.

„Мундо Депортиво“
пред извесен период извести дека за во јануарскиот преоден рок трансферот на
Кавани во Атлетико Мадрид речиси е невозможен да се реализира, а како причина
за тоа ги наведе сумите околу неговата плата и обештетувањето кое „Јорганџиите“
треба да го исплатат.

Останува дилемата
каков ќе биде епилогот околу иднината на искусниот Уругваец чиј договор
истекува идното лето, а што се однесува до потенцијалната преселба во шпанската
престолнина, се чини дека топката сега е префрлена кај ПСЖ, токму од таму треба
да дадат одговор околу интересот од Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×