Вотфорд за прв
пат по осум месеци победи на домашен терен откако го изненади Манчестер
јунајтед и го совлада со 2-0. Поразот од фенерџијата доаѓа во лош момент за „ѓаволите“,
кои имаа серија од шест меча без да загубат и си ја вратија самодовербата со
големите победи над Тотнем и Манчестер Сити.
На пресконференцијата
по мечот, Оле Гунар Солшер не ја криеше разочараноста и ги критикуваше своите
избраници за изданието, изјави дека првото полувреме му наликувало на проштален
натпревар.
Според пишувањата
на Метро во гостинската соблекувална на Викариџ Роуд владеел мол. За разлика од
Сер Алекс Фергсуон и неговиот фамозен „фен“ третман, Норвежанецот практикува
поинаков стил и се обидува да најде позитивна работа и во поразите. Но тој сега
не знаел што да им каже на играчите бидејќи не му се допаднало ништо од она што
го видел.
Метро исто така
додава дека поискусните играчи не се одлучиле да истапат и да одржат говор. Капитенот
Ешли Јанг не доби шанса за настап, Давид де Хеа тешко можел да критикува откако
тој беше виновен за првиот гол, а ниту Пол Погба не се осмелил откако за прв пат
играше по три месеци пауза.