208
Елиф Елмас го постигна својот деби гол за Наполи и тоа во вистински момент, погодок за три бода во 94. минута од мечот.
Сасуоло поведе со гол на Траоре во 29. минута, Алан со прекрасен погодок во 57. изедначи на 1-1.
Елмас во игра влезе во 70. минута и се покажа како вистински џокер. Ди Лоренцо нафрли во 94. минута, а Елмас со глава, и со мала помош од дефанзивецот на Сасуоло постигна гол за победа на Наполи од 2-1.