Ватфорд победи дома за прв пат по април, Манчестер јунајтед никогаш не бил полош (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Солшер си купи време со триумфите над Тотнем и Манчестер Сити, покажа дека овој тим на Манчестер јунајтед може многу да понуди, но „ѓаволите“ денеска одново разочараa.

На гостувањето на Викариџ Роуд, Манчестер јунајтед загуби со 2-0 во пресметката со последниот на табелата, Ватфорд. „Стршлените“ дома немаа победено од април месец, односно минатата сезона, но денеска успеаја да слават со 2-0.

Лингард имаше голема шанса да ги донесе гостите во водство, се најде осамен пред Фостер, можеше да прави што сака, а тој се обиде атрактивно да постигне гол и да лобува, но беше непрецизен.

Казната за ова стигна на стартот од вториот дел, Сар шутираше, Де Хеа киксираше, дозволи топката да му мине низ раце и да заврши во мрежата за 1-0. Не поминаа ни пет минути, Шпанецот повторно беше матиран. Ван Бисака направи пенал а Дини беше сигурен од белата точка за 2-0.

Манчестер јунајтед се обиде да стори нешто повеќе во завршницата, во игра влезе и Погба, беа креирани неколку добри шанси, но Фостер не дозволи да биде совладан. Со 25 поени од 18 кола, Манчестер јунајтед го има најслабиот скор во својата историја во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×