486
Милан влегува во се подлабока криза, а резултатите покажуваат дека политиката на раководството не е добра. Со ангажман на просечни тренери тимот не може да има напредок.
Росонерите изгледаа лошо на денешниот меч, можеби и најлошо оваа сезона, Аталанта покажа дека заслужено е тим кој игра во Лигата на шампионите.
Иличиќ беше стрелец на два гола, по еден постигнаа Гомез, Пашалиќ и Муриел.
Милан само четири пати во историјата загубил со пет или повеќе погодоци разлика, последниот пат тоа било во 1998 година од Рома.