Браво за Лукаку, му ја даде топката на тинејџерот Еспозито и го остави да шутира пенал за деби гол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Младиот Себастијано Еспозито денешниот дуел со Џенова ќе го памети цел живот. 17 годишниот напаѓач го постигна својот деби гол во дресот на Интер и тоа благодарејќи на убавиот гест на Ромелу Лукаку.

Белгиецот требаше да шутира пенал, но му ја даде топката на Себастијано Еспозито и го остави да ја изведе најстрогата казна. Тинејџерот не погреши од белата точка и го запиша своето име во листата на стрелци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×