194
Иако се очекуваше меч со погодоци, најмногу поради лошите одбрани на двата тима, на натпреварот меѓу Евертон и Арсенал мрежите мируваа.
Не само што немаше голови, туку немаше ниту една посериозна шанса на натпреварот.
Пред овој дуел и двата клуба промовираа нови тренери но тие ќе ги водат своите тимови од наредните мечеви.
Денеска и Карло Анчелоти и Микел Артета од трибините ги следеа своите нови тимови.