Шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола посочи дека во
моментов нема да бара брз потег на клубот од „Итихад“ за наследник на неговиот
довчерашен асистент, Микел Артета, кој го презеде кормилото на Арсенал/
Гвардиола воедно
упати и јавно поддршка до Артета и порача дека Шпанецот ќе има одлични
резултати предводејќи ги „Топчиите“, а на Островот известуваат дека Родолфо
Борел се очекува да го пополни местото на Артета, тој инаку е дел од стручниот
штаб на Гвардиола, меѓутоа сега би бил во поинаква улога, иако Артета посакувал
да го земе со себе во својот стручен штаб во Арсенал.
„Ќе останеме со
истите луѓе, во моментов нема да додаваме никого, ќе работиме со оние кои веќе
се дел од стручниот штаб“ посочи Гвардиола кој имаше блиска релација со Артета
проследена со низа успеси на клупата на Манчестер Сити.
„Тој одлучи да се
пресели таму, кога имате соништа, не можете да ги сопрете, треба да ги следите
вашите соништа, Арсенал беше важен клуб во неговата кариера, еден од најдобрите
клубови во Европа, му посакувам се’ најдобро, сигурен сум дека ќе има голем успех на таа позиција“ рече
Гвардиола.