Утринава излегоа гласини дека Халанд со неговиот татко бил виден на аеродром во Норвешка како фаќаат лет за Манчестер да ги комплетираат преговорите.
Но Солшер кој се посочува како главен адут за тренсфер на Халанд во Јунајтед, вели дека не знае за такво нешто.
„Не мислам дека тој е на пат за наваму“, кратко негираше Солшер.
„Не можам да коментирам играчи на други тимови, многу пати сум го кажал тоа. Но тоа, во оваа работа секогаш има многу шпекулации“.
„Добро, тој не доаѓа во Манчестер… го знам момчето и неговите пријатели и во моментов е на божиќен одмор“.
„Не можете никаде да стигнете директно со лет од Ставангер, треба да одите преку, преку…“
Се шепкулира дека Погба би можел да го напушти Манчестер јунајтед уште во јануари, но Солшер го негираше и тоа.
„Погба нема да биде продаден во јануари“, изјави тренерот на Јунајтед.