174
Алдервирелд беше еден од тројцата важни фудбалери на Тотнем на кои договорот им истекуваше по крајот на оваа сезона.
Мурињо со своето доаѓање го врати победничкиот дух и ја подобри атмосферата во соблекувалната. Се очекуваше дека Португалецот може да има влијание барем некој од тројцата играчи кои одолговлекуваа со потпис на нов договор да ја продолжат соработката со Спарс.
Тоа почна да се случува, Тоби Алдервирелд денеска стави потпис на нов договор.
„Со задоволство можеме да информираме дека Тоби Алдервирелд потпиша нов договор со клубот до 2023 година“, стои во соопштението на Тотнем.
Останува да видиме дали ваквиот пример ќе го следат и Вертонген и Ериксен.