Љумберг утре ќе го води тимот на Арсенал на Гудисон Парк против Евертон и тоа за него би требало да биде последен ангажман како привремен тренер.
Викендов Арсенал треба да го официјализира ангажманот на Микел Артета кој првата тренинг сесија со фудбалерите би требало да ја има во понеделник.
Артета и Арсенал веќе си подале рака, сега во тек се преговорите меѓу двата клуба, Манчестер Сити бара 2 милиони евра за да го ослободи нивниот тренер од договорот.
Компензација од два милиони евра за тренер кој ќе добива голема плата и ќе има долг договор не би требало да се проблем за голем клуб, но Арсенал отсекогаш сакал да плати колку што е можно помалку.
Се верува дека договорот кој ќе го потпише Артета ќе биде до 2023 година, тој ќе заработува по 5 милиони фунти годишно плус бонуси за квалификување во Лигата на шампионите и трофеи.