Дали имаше и трет пенал врз Варан на „Ел класико“? (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Реакциите од престолнината на Шпанија не престануваат по синоќешното „Ел класико“ кое заврши без победник. Реал утрово се пожали дека бил оштетен, „кралевите“ објавија соопштение со кое потенцираа дека требале да бидат досудени два пенали за стартови над Рафаел Варан, но ниту судијата, ниту луѓето од ВАР собата се огласиле.

Вестникот АС сега пишува за уште една спорна ситуација во која повторно е инволвиран Французинот. Непосредно пред стартот на Ленгле врз Варан, на почетокот од акцијата кога Карвахал нафрла од корнер, Ракитиќ го влече дефанзивецот на Реал и го соборува на земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×