Добрите познавачи
на фудбалот на Островот секако добро го познаваат профилот на Лејтон Бејнс,
своевремено најофанзивниот бек во Премиерлигата, како и фудбалер кој долго
време беше желба на Манчестер јунајтед.
Од Евертон имаат
и потврдено дека пристигнала официјална понуда од „Олд Трафорд“ за бекот кој
сепак остана на „Гудисон Парк“, каде веројатно ќе ја заврши и кариерата, тој
особено се поврзуваше со трансфер во Манчестер јунајтед кога Дејвид Мојс го
наследи Алекс Фергусон, а имаа одлична соработка во Евертон, која сакаше да ја
„пресели“ и во Манчестер.
Сега веќе 35
годишниот Бејнс ретко добива прилика, а за тоа има секако и добра причина во
Евертон, поради Лукас Дињ кој е еден од најдобрите бекови во Премиерлигата, а
дополнително Французинот е воедно и прв изведувач на прекините за составот од „Гудисон
Парк“.
Синоќа
проследивме возбудлива пресметка помеѓу Евертон и Лестер во рамките на Лига
купот на Англија, Евертон ги одмери силите со Лестер кој игра неверојатно сезонава,
а поради тоа што Дињ е повреден, прилика да почне од првата минута доби Бејнс.
Токму бекот
постигна фантастичен гол во завршницата од пресметката израмнувајќи на 2-2 со
една „бомба“ упатена кон голот на Шмајхел, по што мечот на крајот се решаваше
на пенали во кои поуспешни беа „Лисиците“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">