Според пишувањата
на „СпортИталија“, се вели дека Милан се приклучи во трката по потписот за
напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд, а
наводно му нуди годишна плата од 5.5 милиони евра од сезона.
19 годишниот
напаѓач е „достапен“ за сите заинтересирани клубови за неговите услуги за само
30 милиони евра, онолку колку што изнесува неговата откупна клаузула во
договорот со Салцбург, вклучувајќи и обврски кон агентот на напаѓачот.
Нема дилеми во
тоа дека Халанд уште во јануарскиот преоден рок ќе има нов клуб, а листата на
заинтересирани клубови е долга, се споменуваат Јувентус, Манчестер јунајтед,
Челси, Борусија Дортмунд, Лајпциг, како и Ница.
Шпекулациите
велат дека Јувентус веќе му понудил на напаѓачот плата од 3 милиони евра по
сезона, дополнително и бонуси, а „Росонерите“ ќе се обидат со повисока понуда
од онаа на „Старата дама“, иако некои медиуми тврдат дека Халанд бара дури 8
милиони евра плата по сезона, за што наводно Лајпциг веќе испадна од
преговорите за неговите услуги.
Кога сме веќе кај
Милан, „Газета дело Спорт“ известува дека Анте Ребиќ би можел да се врати во
Ајнтрахт Франкфурт само четири месеци откако го обезбеди потписот на Хрватот.
Сево ова околу
Хрватот доаѓа откако тој бележи разочарувачки старт на новата сезона, а
претходно беше еден од клучните фудбалери на Хрватска до патот кон големото
финале од Светското првенство лани во Русија.
Ребиќ сезонава
мина само 178 минути на терените во дресот на „Росонерите“, се уште нема
постигнато дебитантски погодок за тимот од Милано, а во Италија веќе
известуваат дека Хрватот би можел да се врати во „Бундеслигата“ уште во
јануари.
Весникот
истовремено додава дека неговиот двегодишен договор за позајмица со опција за
откупување на договорот за 25 милиони евра би можел да биде прекинат за да се
отвори простор за Златан Ибрахимовиќ.