Ливерпул во едно видео објасни зошто го ангажираше Минамино

by
1 минути читање

Ливерпул за само
8.5 милиони евра го обезбеди потписот на јапонскиот интернационалец Такуми
Минамино кој блесна во Лигата на шампионите оваа сезона, особено импресивни беа
неговите изданија токму против „Редсите“.

На гостувањето на
„Енфилд“, во возбудливиот меч каде Ливерпул добро се испоти за да победи со
4-3, Јапонецот постигна гол, а запиша и асистенција, а веројатно од тоа негово
издание Јирген Клоп немаше никакви дилеми.

Од Ливерпул
секако се среќни за тоа што ја победија конкуренцијата за потписот на Минамино,
Манчестер јунајтед беше еден од ривалите, па така од „Енфилд“ објавија и видео
како „објаснување“ што добиле како засилување во нивниот состав…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

Boss, pic.twitter.com/DfLCCD3tC1

Претходно
известивме дека мечот на кој 24 годишниот Минамино би можел да дебитира е дуелот со
градскиот ривал Евертон на 5. јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×