Варан објави какви се последиците по стартот на Ленгле (ФОТО)

by
1 минути читање

Мега дербито во
најсилниот шпански фудбалски шампионат помеѓу Барселона и Реал Мадрид заврши
без голови на „Камп Ноу“, инаку станува збор за заостаната пресметка во рамките
на 10 коло од „Примера“.

Најголеми
забелешки за арбитражата од дербито има од Реал Мадрид, од таму велат дека постоеле
две ситуации во кои биле оштетени за пенал, а во истите учествуваше нивниот
дефанзивец Рафаел Варан.

Французинот во
една од ситуациите беше повлечен за дрес од страна на Ракитиќ, а во друга
прилика Ленгле му остави голема „трага“ на неговата нога од невнимателниот
старт.

Самиот Варан на
социјалните мрежи објави фотографија за тоа каква е неговата нога од стартот на
Ленгле, кој во изјава за медиумите по мечот се правдаше дека не направил
никаков прекршок врз него, најмалку за пенал за „Кралевите“.

Моментот со
Варан? Не направив прекршок врз него, ја расчистив опасноста најсилно што
можев, според мене тоа не беше пенал, постои ВАР, судијата одлучи дека нема
никаков прекршок за најстрога казна
“ рече Ленгле по мечот на „Камп Ноу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×