Зидан постави рекорд, Барса и Реал по 17 години одиграа меч без голови (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалските
љубители вечерва останаа разочарани, Барселона и Реал Мадрид понудија премалку,
шансите за погодок беа ретки, имаше многу тактичко надмудрување па по 17 години,
лутите ривали одиграа меч во првенството без голови.

„Кралевите“ беа
поконкретни, неколку пати сериозно се заканија, Пике расчистуваше од гол линијата, Тер Штеген бранеше а во
вториот дел кога Германецот беше совладан, на помош дојде
ВАР и погодокот беше поништен поради офсајд. Меси ја имаше најдобрата шанса за домаќините, но Рамос се испречи и блокираше во последен момент.

Зинедин Зидан
постави рекорд, Французинот на пет гостувања по ред на Камп Ноу не знае за
пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×