170
Монтереј му пружи голем отпор на фаворизираниот Ливерпул. Мексиканскиот тим создаде многу шанси, но Алисон Бекер беше одличен.
Ливерпул поведе со гол на Кеита во 12. минута и во тие моменти се чинеше дека црвените нема да имаат многу тешка задача за да дојдат до победата.
Но само две минути подоцна Монтереј го изедначи резултатот преку Фуенес.
Во продолжението од мечот и двете екипи имаа шанси, но мрежите мируваа се до 91. минута кога Фирмино постигна гол за победа на Ливерпул од 2-1.
Во финалето Ливерпул ќе игра против Фламенго кој синоќа со 3-1 го совлада Ал Хилал.