Адидас и Баерн ја утнале математиката, Кутињо е приморан да игра со детски дрес! (ФОТО)

by
1 минути читање

Филипе Кутињо
изминатиов викенд имаше фантастична партија против Вердер Бремен, Бразилецот
постигна хет-трик и забележа две асистенции. Неговите перформанси не беа единствената
работа што привлече внимание, будното око на новинарите забележа дека дресот на
плејмејкерот е поразличен од оној на останатите играчи на Баерн Минхен.

Од Германија сега
пристигнува објаснување, Адидас ги испорачал сите дресови за првиот дел од
сезоната пред да биде договорен трансферот на Филипе Кутињо, па германскиот
производител на опрема немал мерка од Бразилецот.

За играчите на
Баерн Минхен следува „автентична“ верзија на дресот која е полесна и се суши побрзо од дресовите кои вообичаено ги купуваат играчите. Сепак Филипе Кутињо не се
чувствува комфорен во ниту една големина која ја има на располагање, па играчот
наместо тоа користи „реплика“ и тоа на детскиот дрес големина 176, кој може да
се купи во он-лајн продавницата.

Проблемот е само
за домашните дресови, гостинските и третата гарнитура на дресови не му прават
проблем на Филипе Кутињо и тој ја користи „автентичната“ верзија. За вториот
дел од сезоната, Адидас ќе испорача нова колична дресови и се очекува проблемот
да биде надминат на стартот од 2020.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×