„Доколку играчите на Реал се чувствуваат загрозени треба да го напуштат теренот, дури и ако тоа значи загубен меч“

by
1 минути читање

Вечерва сите очи
ќе бидат вперени кон Камп Ноу, Барселона се среќава со Реал Мадрид, а на улиците
околу стадинот се најавуваат големи протести. Ќе има засилени безбедносни
мерки, повеќе од 3.000 полицајци, вклучувајќи и 1.000 специјалци, ќе се грижат
за редот но и покрај тоа нема гаранции дека се ќе помине без инцидент.

Новинарот Жосеп
Педрерол, кој е роден во Барселона, ги повика играчите на Реал Мадрид да го
напуштат теренот доколку чувствуваат дека нивната безбедност е загрозена, дури
и ако еден ваков потег значи службена победа за „каталонците“.

„Доколку играчите
се чувствуваат загрозени, треба да го напуштат теренот. Убеден сум дека секој играч
на Реал Мадрид ќе ја добие поддршката на клубот, дури и ако ваквиот потег значи
службена победа за Барса. Достоинството е поважно од резултатот“
– вели презентеренот
на емисиите Ел Чирингито и Хугонес.

Запрашан за
најавите дека голем број луѓе би можеле да влезат на теренот, тој додава: „Доколку
на теренот влезат 200 луѓе и не сакаат да го напуштат, тогаш Реал Мадрид треба
да го добие натпреварот со резултат 0-3“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×