Не може да биде поинаку со толку голем интерес и Рајола како агент, Халанд бара „галактико“ плата

by
1 минути читање

Халанд со своите фантастични игри во Салцбург го навлече вниманието на големите клубови, на листата на заинтересирани се Лајпциг, Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус…

Неговиот талент и можност за заработка ги препозна и Мино Рајола па му стана агент на Халанд.

Прв во преговори влезе Лајпциг, но проблем за овој клуб е високата плата која ја бара Халанд. Иако има 19 години и се уште не играл во голем клуб, ниту во големо првенство, тој бара плата од осум милиони евра по сезона, тоа е осум пати поголема од сегашната која ја добива во Салцбург.

Лајпциг најмногу може да му понуди пет милиони евра, а со оглед на интересот од другите клубови јасно е дека овој германски клуб нема да го добие потписот на Халанд.

Според информациите на германските медиуми, следен на листата за преговори е Борусија Дортмунд бидејќи Рајола и Халанд сметаат дека Бундеслигата е идеална за следна станица на напаѓачот пред да потпише за некој од најголемите европски клубови.

Халанд силно се поврзува и со Манчестер јунајтед, тој е голема желба на Оле Гунар Солшер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×