„Билд“: Сане сака да се пресели во Баерн Минхен уште во јануари

by
1 минути читање

Лерој Сане веќе
донел одлука да се приклучи на Баерн Минхен, известува „Билд“, а тој наводно
преферира веднаш, поточно уште во јануарскиот преоден рок да го напушти
Манчестер Сити, додава германскиот весник.

Германецот во
моментов се уште се рехабилитира од повредата која ја заработи на почетокот од
новата сезона, се верува дека би можел да се врати на терените во февруари, а
хипотетички, Баерн Минхен не би имал ништо да го добие потписот на Сане уште во
јануари, а да го сочека да се врати идниот месец.

„Билд“ тврди дека
англискиот првак на лето барал 150 милиони евра обештетување за фудбалерот кој
има важечки договор до 2021. година, што не е голем период како гаранција за „Граѓаните“,
кои сигурно нема да ризикуваат да останат со празни раце во случај тој да сака
да си замине во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×