Во пресрет на мега дербито: Пике и Рамос се бакнуваат среде Барселона (ФОТО)

by
1 минути читање

Под мотото „Шпанија,
бакнувај се
и разговарај“, графит
осамна во центарот на Барселона, а покрај графитот има и фото-порака, на која
се гледа како фудбалерот на Барселона, Џерард Пике се бакнува со фудбалерот од
Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Ова дело е
инспирирано од сликата на која предводниците на обете страни од Берлинскиот
ѕид, Леонид Брежнев го бакнува Ерик Хонекер, а истото е направено пред самото
Ел Класико кое големите љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваат вечерва.

Ова е инаку дело
на Твбој, кој претходно истото го стори и со Кристијано Роналдо и Лионел Меси,
како и предводникот за независна Каталонија, Карлес Пуџдемонт со Мариано Рахој,
поранешниот премиер на Шпанија.

Секако, не е лошо и да објасниме, иако веќе е познато, идејата е вечерва големите љубители на фудбалот да се посветат само на најспоредната работа на светот, а настрана да ги остават политичките збиднувања во Шпанија по прашањето за независноста на Каталонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×