„Л’Екип“ известува дека шпанскиот гигант Реал
Мадрид го зголемил интересот за големиот талент на Рен, Едуардо Камавинга, 17
годишниот фудбалер кој веќе импресионира во дресот на францускиот прволигаш,
кој воедно има и високи, можеби и реални барања.
Според
информациите, Рен поставил цена од 100 милиони евра за тинејџерот, меѓутоа, и
покрај тоа „Кралевите“ не се откажуваат да го ангажираат фудбалерот од средниот
ред кој веќе го постигна и првиот гол за Рен, и тоа одлучувачки во победата над
Лион во неделата.
data-lang="en">
Реал Мадрид веќе
ги почна преговорите со Рен околу потписот на Камавинга, кој има важечки
договор со францускиот прволигаш до 2022. година, а потпис на професионален
договор со клубот стави на први јануари годинава.
Освен Реал Мадрид, наводно интерес за Камавинга пријавуваат и Манчестер јунајтед и Барселона.