Евертон се огласи со соопштение во врска со шпекулациите со Анчелоти

by
1 минути читање

Повеќе медиуми
објавија дека довчерашниот тренер на Наполи, Карло Анчелоти се договорил да го
презеде кормилото на Евертон, иако претходно поранешниот тренер на Милан, Челси
и Реал Мадрид во голема мера се поврзуваше со клупата на Арсенал.

Тимот од „Гудисон
Парк“ инсистира на тоа дека не му понудил никаков договор на искусниот
италијански фудбалски стратег, а од таму додаваат дека потрагата по нов тренер
се уште е во фаза, иако на легендарниот фудбалер на Евертон, Данкан Фергусон
добро му тргна.

Во 11 денови
откако Марко Силва го напушти клубот, челниците на Евертон работат максимално
на тоа за да обезбедат нов шеф на стручниот штаб, имавме средби со повеќе кандидати

се вели во соопштението од Евертон.

Ние можеме да
потврдиме дека до овој момент се уште немало никаква понуда до ниту еден
кандидат, меѓутоа, од друга страна пак, ниту еден од кандидатите досега не
одлучи да се повлече од процесот на преговори
“ додаваат од таму.

Анчелоти исто
така се поврзува и со клупата на Арсенал, меѓутоа на Островот пишуваат дека за
тоа место голема конкуренција има во асистентот на Пеп Гвардиола во Манчестер
Сити, Микел Артета, кој наводно е прв фаворит да го преземе кормилото на „Топчиите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×