Нејмар: Зошто би сакал да си заминам од ПСЖ?

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
францускиот првак ПСЖ, Нејмар тврди дека е среќен во тимот од Париз, а
Бразилецот сево ова го вели само неколку месеци откако притискаше да си замине
од таа екипа, Реал Мадрид и Барселона беа двете најсериозни опции за него, но,
се чини дека сега работите се променети.

27 годишниот
офанзивец претходно призна дека размислувал да си замине од ПСЖ, одреден период
добиваше и свирежи од навивачите на клубот, меѓутоа откако се врати на
терените, тоа го стори на најдобар можен начин, запишувајќи девет погодоци,
како и пет асистенции во 11 настапи во сите конкуренции.

Зошто би сакал
да си заминам? Имам уште две години од мојот договор, тимот и натаму продолжува
да се развива
“ вели тој во интервјуто за „Франс Фудбал“.

Ние мораме да
останеме фокусирани на актуелната сезона, да ги оствариме целите кои клубот ги
има поставено и да освоиме се
што би можеле да освоиме“ додава Бразилецот.

Оваа сезона,
целта е Лигата на шампионите, а мојот приоритет е ПСЖ, со максимална
посветеност секоја седмица, главната цел е секогаш да се добие мечот кој е на
распоредот
“ посочи првата ѕвезда на францускиот првак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×