Луд меч на Сардинија, Лацио губеше до 93. минута но стигна до три бода! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Последниот натпревар од 16. коло во Серија А донесе голема драма. Каљари поведе против Лацио веќе во 8. минута, Симеоне одлично се снајде и биеше неодбранливо за 1-0.

Домаќините потоа умешно ја чуваа позитивата и кога се чинеше дека ќе стигнат до победа, се случи пресврт за паметење. 

Луис Алберто изедначи на 1-1 во 93. минута, Шпанецот прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот. Овој гол ги осоколи гостите кои силно притиснаа и во 98. минута Каиседо со глава донесе големо славје.

Со овој триумф, Лацио се доближи на само три бода до водечките Интер и Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×