Популарните „рособлу“
никако да излезат од резултатската криза. Ниту промената на тренерот и
пристигнувањето на Тијаго Мота не влијаеше за напуштање на дното на табелата.
Во саботата беше забележан нов пораз и тоа дома во лутото градско дерби со Сампдорија.
Ова предизвика реакција
од навивачите, кои испратија закани до играчите. „Внимавајте, ќе ви ги искршиме
забите“ – гласела пораката напишана на асфалтот пред портите на тренинг центарот.
Клубот веднаш ја
известил полицијата, па истражители од специјалната единица ДИГОС отвориле
истрага и ги прегледуваат камерите од околните објекти за да ги пронајдат сторителите.
Не се исклучува и идејата играчите да добијат дополнителна заштита доколку се
појават нови закани.